Пред некое време се случи Tiny Noise Festival во театар Центар во Скопје.
Како дел од артистите кои настапија , настапив и јас со мој експериментален Dj сет. Пуштав музика некаде околу час и триесет минути. интересно беше тоа што на почетокот на мојот сет дојде еден од одговорните во театарот Центар и ми кажа дека нешто не е ОК со звукот и се обидов да му кажам дека според мене се е во ред. Но во следниот момент тој веќе го имаше извадено пинот за звукот од мојот лап топ и веќе музиката не се слушаше. Во овој момент незнаев што да правам – дали да седам (стојам) до овој човек и да го слушам дали требало ова вака или онака или да станам и да се вратам на масата на која седев пред да почнам. Ја искористив втората опција и си седнав на масата на која ме придружуваа Ивана, Марјан и Жане.
Пиев пиво и на моменти мислев дека ми е сеедно дали ќе продолжам да пуштам музика или после измислениот технички проблем ќе се вратам и ќе го завршам мојот сет. Дојде Kyd организаторката на овој фестивал и ми рече дека типот и пред тоа на пробите го правел истото и ми рече да не се нервирам туку да оставам некое време “као” да го среди проблемот и да се вратам и да продолжам да пуштам музика. Така и направив после десетина минути се беше во ред се вратив на големата сцена која е предвидена за изведба на театарски претстави, а не за диџејски настапи и го завршив сетот. Освен мене настапија уште неколку артисти меѓу кои Kyd & ////, Justice… Повеќе за line up-от може да се види на www.tinynoise.com , a има и некои фотографии на picasaweb/Not That Kyd.
Како и да е во суштина имаше добар настан и останатите артисти беа добри и се ќе се завршеше добро ако не се појавеше полицијата и не ја заврши журката околу 11:30 часот што значи половина час порано од предвиденото.