Во периодот додека во посета на младинскиот центар Акција и Различност каде што работам како проект координатор беа три Американски студентки кои требаше да работат на десет дневен проект со роми ( кои на крај излегоа дека се турци ), бевме во посета на едната куќа домаќин (host family) на едната од девојќите- Alex. Додека една од девојќите беше сместена кај мене, другата кај една фамилија од мојот град, Алекс требаше да биде сместена кај некоја од ромско – турските фамилии кои всушност и беа целна група за овој проект.
Еден ден после официјалното завршување на работните обврски кои ги имаа девојќите ( работа во групи со деца од турска националност), Алекс ни кажа дека имаме покана да ја посетиме нејзината фамилија и да пиеме кафе. На ова сите одговоривме потврдно и заедно со децата од групата тргнавме кон нивното маало. Прошетката беше забавна затоа што сите оние делови од градот кои досега ми беа познати, дури и премногу сега за прв пат ги гледав како непознати и со одговорите што ги давав на американките повторно ми се отвараа, и на моменти се чувствував исто како странците што беа во нашата група. Освен американките во посета на мојот дом беше и еден мој пријател Бас (Бастијан), кој го запознав додека бев на еден младински фестивал во Република Бугарија, а дојде од Холандија и ме посети како дел од неговата предвидена турнеја низ југоисточна Европа. Сите заедно како една весела група полека стигнувавме кон местото каде што требаше да го испиеме нашето попладневно кафе. По пат не застануваа и не прашавуваа од каде сте, што правите овде, каде одите, сите деца и млади од Турска националност кои живеат во делот од градот каде одевме. Моментите ги искористивме за да ги запознаеме нивните манири, начинот на живеење, како и односот што го воспоставуваат со нас. Кога сакавме да направиме фотографии од нивното место и од нив тие како професионални модели позираа и беа најсреќни на свет дека некој им посветува внимание. Поради тоа што децата со кои работевме во центарот беа навистина познати во нивното маало колку повеќе се наближувавме кон куќата каде што беше Алекс толку повеќе бројот на деца што не придружуваат се зголемуваше. На крајот на нашата прошетка стигнавме до куќата на Алекс каде бабата која беше домаќин не пречека со раширени раце, не покани да влеземе и ни даде на знаење дека е премногу среќна што има шанса да ги запознае сите што во моментот се околу Алекс затоа што ја прифатила како вистинска ќерка каква што нема, а има тројца синови кои живеат во Германија. Куќата гром, најпрво помислив дека или живеат повеќе од дваесет луѓе таму т.е. цела фамилија или пак е станбена зграда. На крај излезе дека во куќата живее само бабата, а ја изградил нејзиниот сопруг во периодот додека живееле уште во Германија. Но откако тој починал и нејзините деца уште живеат во Германија, таа сама живее во таа огромна и целосно средена куќа. Стануваше збор за една навистина добра жена, домаќинка која сите работи поврзани со неа и нејзината фамилија ги држеше под контрола. Сите седнавме во дворот на нејзината куќа и нејзините внуци не послужија со секакви слатки, сок и се разбира турско кафе. Турското кафе и навистина беше такво, мало и многу јако, баш како што го пијат турците додека ние го правиме не толку јако и пиеме по повеќе. После пријатната попладневна прошетка и гостито кај бабата Јаша ако не се лажам (или можеби јаша на турски знаши баба), ја оставивме Алекс во пријатната атмосфера на нејзина фамилија домаќин да завршат со вечерата, а јас со моите гости Бас, Изабел- мојата home sister (девојката што спиеше кај мене) и Ленче колешката која беше одговорна за овој проект отидовме кај мене затоа што беше време за вечера за сите. Така се заврши пријатната прошетка која траеше и траеше ако не повеќе – цел ден.
.



.
.
.Ако сакате да видете повеќе фотографии од прошетката од тој ден посетете:
http://picasaweb.google.com/basgras/RomaNeighbourhoodStrumica
http://www.facebook.com/inbox/#/album.php?aid=48201&id=692212789