Има еден документарен филм со истиот наслов. Како тренер за форум театар на еден семинар за хив/сида во Струга, имав можност да направам една игра во која учесниците ја испуштаа истата позитивна енергија, како во овој документарец. Идејата беше да се направи игра со која децата ќе се опуштат и меѓесебно ќе се запознаат. Најпрво требаше да движат брзо и да направат конфузија, после тоа требаше да одат во slow emotion (бавно), па требаше да скокаат, да викат, да одат на една нога. И сето тоа и уште многу други начини, за на моменти да седнуваат, да легнуваат по стомак, па по грб, за да имат време малку да здивнат и повторно да скокнат, да викнат ЕЈ и повторно да продолжат да се движат конфузно. Додека течеше играта, во умот ми помина сликата од докуметарниот филм и се се мислев како да ја внесам оваа сцена во практиката на ова што течеше во моментот. Им реков да седнат, на што не се мислеа многу, ни пак на тоа каде ќе седнат или до кого. Веќе беа подолго време испотени и среќни со насмевки на лицата, и кога им реков да седнат беа уште позадоволни. Ја играв и јас играта со нив. Седнаа, се издишаа, беа во блажена испотена состојба. Околу нас имаше многу енергија, горевме од топлина како да е средина на лето, а беше почеток на ноември. Ја чекаа наредната акција од мене. Реков: кренете ги рацете горе!
Веќе на сите им беа рацете горе. Ја добив сцената од филмот, само уште ми требаше звучна комуникација. Мелодијата е таа што уште толку ги спојува луѓето. Им реков да употребуваат согласки, ама тивко. Ја имав и мелодијата. Беше магично. Им благодарам на сите што учествуваа во оваа групна активност.