Соочени со недостатоткот од еден урбан младински фестивал како место каде што младите талентирани лица ќе можат да го промовираат своето творештво пред пошироката публика, клубот за локални младински иницијативи Штип се одлучи на подготовка и организација на овој настан. Фестивалот беше замислен како мултимедијален настан во кој ќе бидат опфатени: театарот, музиката, фотографијата, филмот и ликовната уметност.

На 23 Јануари во просториите на дом на млади во Штип се одржаа сите горе наведени активности. Публиката беше доволно заинтересирана за овој настан и присуствуваше во огромен број, исто така беа присутни локалните и националните медиуми кои направија прилози за конкретниот настан. Time table-от на овој настан одеше од прилика вака:
-најпрво започнав јас како координатор на ликовна работилница на која неколкумина зедоа активно учество со творење на неколку извонредни дела во техниката темпера на картон;
-во продолжение следуваше официално отварање на изложба на која се претставија двајца автори со нивните фотографии, како и јас со изработените минијатури за време на настанот;
-во другиот дел на просториите на дом на млади, истовремено со отварањето на изложбата, имаше премиерна изведба на театарска претстава и проекции на неколку филмови;
-како за шлаг на прекрасен настан следуваше концертот на кој настапија неколку млади бендови со ученици од средното музичко училиште со најразличен репертоар:

Се на се, ова беше еден извонредно организиран настан за кого сме благодарни на Фондацијата Институт Отворено Општесво и Локалната самоуправа?!? на град Штип.

Јас лично сум му благодарен на Гоце Коцевски, млад активист од Штип, кој ја имаше главната улога на овој настан т.е. координатор на целиот овој проект. Благодарам Гоце!
…се надевам на уште многу креативни настани како овој организирани од младите на градот Штип.

во прилог дел од моите минијатури направени на како дел од ликовната работилница