МАНАКИ !?!…what was that?

Leave a comment

Се мислев дали да напишам овде нешто за ова нешто што се вика Интернационален филмски фестивал Браќа Манаки , и подолго време не сакав да размислувам заради тоа што во суштина незнаев од каде да започнам и во кој контекст да зборувам.
Ама вака некако додека бев во Битола добив информацијадека можам да одам на филмовите и дека ќе добијам pass за сите филмови, на што изреагирав како мало дете кога му даваат БОМБОН. На отварањето неможев да одам затоа што се поклопуваше со некои од активностите на youth exchange-от, во стилот презентација на нашата држава на една од cultural event-ovite. А дојде директорот на организацијата од Битола и само ми направи да ми е криво кога ми кажа дека тој и неговата девојка (по потекло од Хрватска) ќе одат и можат да ме земат со нив со кола. Веќе бев готов да кажам ајде одиме затоа што и пред тоа на размената кажав дека морам да одам на отварање-задолжително.
Но презентацијата мораше да се направи, и не успеав да одам првата вечер. За втората вечер веќе беше по друго, завршив на време со активности, пуд под ноѓе и од Пелистер се спуштив во Битола на филм. Имаше народ кој разговараше таму, но не за филмовите туку за некаква политика. Видов еден пријател после подолго време и место вообичаениот муабет ( оооо кај си, како си, што има ), после неполна минута ми вика да донесам еден список ќе сакаш ли да се потпишеш. Го прашувам за што треба да се потпишам и тогаш ја разбрав политиката на сите овие луќе овде собрани на филмски фестивал.Целта на оваа петиција за која ми збореше мојот пријател беше да се врати фестивалот овде во Битола,а мене и баш не ми беше јасно како, заради тоа што филмот требаше да започне за некои десет минути, последователно на тој факт следува- фестивалот е тука од кај треба да се враќа. Аха, имало проекции и во Скопје на истата програма на фестивалот и скопската публика не била овде туку си го презела и присвоила фестивалот и стравот беше во тоа дека после неколку години вака и фестивалот целосно да се префрли во Скопје.
Реков ОК, дај го списокот ќе се потпишам и јас.
Некако нема смисла сите работи да се централизираат во метрополата Скопје кое може само да сонува да Биде Метропола. (барем избрал лош начин како да го постигне тоа). Помислив на театарскиот фестивал што го имаме во Струмица и на тоа да биде и тој во Скопје, макар што последниве неколку години мириса на корупција и перење пари. Не ми се допаѓаше идејата, иако во Битола процесот беше во тек.
Се потпишав.
Влегов во салата за проекции во домот на културата и имаше публика како за на кино не како за на фестивал. Ај можеби е до тоа што веќе е втор ден како да е претпоследен, па луќето не се преоптеретиле со тоа дека ќе поминат низ еден црвен тепих кој се наоѓаше на влезот. Ама се си имало причина. После некое време откако почна филмот почна да станува студено. Си викам ај само мене ми е дека сум на Пелистер и таму е ладно сега добивам flash, но и другите луѓе почнаа да шушкаат, да се преместуваат, по некое време почнаа и да си одат. Навистина беше студено во салата. На другиот ден си зедов ракија и подебела облека. Но не ми беше тоа поентата. Поентата ми беше како да има фестивал во ладна сала, како да има проекции и луѓето да седат концентрирани и да гледат филм кога постојано ти се ежи кожата и носот ти станува ладен. Факт: ако Битола сака да има фестивал треба да има и услови за реализирање на тој фестивал. Помислувам на тоа како било на отварање и ми доаѓа смешка за сите директори, бизнисмени и други како нив заедно со нивните женички кои после двеминути внатре сигурно сакале да си одат како прво заради нетемпературата во салата, и како второ заради шпанската серија која веќе им почнала дома.
Од таму почнува целото мое разглобување на проблемот наречен Манаки: Битола или Скопје. Никаде. Ако е вака подобро да не се срамиме.
На другиот ден немаше ни толку посетеност, но тоа е нормално сите паѓаат еден по еден. Мислам дека и јас ќе се разболам ако дојдам уште еднаш. Филмовите барем некои беа добри и некои ми беа непознати. По тоа се познава дека има фестивал. Но, кај се гостите на фестивалот, кај се режисерите, кај се глумците, фотографите. Нели за тоа служат фестивалите, по мое пртходно искуство. Можеби се лажам. Оваа е сигурно некој subcultural festival на кој авторите не доаѓаат затоа што се многу повлечени, авангардни и underground. Не е точно имаше и некои старци. Но имаше и студентска, експериментална и документарна програма, така пишуваше.
Третиод ден беше исто, но јас веќе си имав предпроекционен ритуал. Подебело палто, шал и ракија задолжително. Интересно е дека така умираат фестивалите во Македонија. На оние светли сцени од филмот кога се осветлува цела сала се завртуваш назад кон публиката и гледаш луѓе што можеш да ги изброиш на рацете и нозете, можеби и само на рацете. Вака и сатисфакцијата да останеш до крај не е јака, бар не како температурата во салата или посетеноста или gender balance – от. Или и девојќите беа маскирани како машки од премногу алишта врз нив.
Излегов да пијам пиво во кафе барот во Домот и имаше толку многу луѓе што личеа на филмаџии, дури му даваа посебен амбиент на целиот бар. Ама ако се такви би требало да бидат внатре на проекции, а не да ја филмуваат реалноста.
Ова не беше фестивал оваа година. Посакувам следната година битолчани да имаат вистински фестивал, и сите од Скопје што се сметаат за филмаџии да дојдат во Битола и да се чувствуваат како филмски гости. Па може и да си ја затоплат салата битолчани, па после да зборат за задржување на фестивалот кај нив, вака, еве јас го поканувам Манаки фестивалот да дојде во Струмица.
Бујрум!

Advertisements

DOKUFEST 2008

Leave a comment

Пред некој ден дојдов за првпат во северозападниот нов сосед Косово по отворената покана од пријатели од Призрен да присуствувам на седмото издание на фестивалот за документарни филмофи dokufest. Пристигнав на време за отварањето на фестивалот на кое збор зеде и премиерот на Република Косово Хасим Тачи мислам. Ми беше интересно да го видам на некои пет метра од мене затоа што до тогаш го имав гледано само на euronews и на националните телевизии, а за него имав впечаток дека е добар политичар кој успеа од Косово да направи држава и тоа го гледам како резултат сега. Само што заврши официјалниот дел од отварањето на фестивалот почна проекцијаа на првиот филм кој беше идеален за отварање на еден ваков голем фестивал. Филмот баш документарен и баш сериозно направен, а еден од карактерите во филмот Nora Jones, приватно зборува за некој нејзин другар што е главен лик во документарецот и преживува мозочен слом или нешто такво. Заврши филмот и отидовме во еден клуб каде требаше да се одржи забавата за сите гости на фестивалот. Пијана забава.
Другиот ден утринско кафе пред клубот Deep што за мене е одлична идеја затоа што сите учесници се појавуваат тука и се обидуваат да направат мрежа на комуникација, што во принцип и не е толко тешко. Кога се работи за луге што се занимаваат со филм и филска уметност комуникацијата не претставува проблем. (незнам о што е работата дали во сонцето, музиката, кафето, водата или…)
Кафето и не само утринско туку и попладневно завршува со тоа што јас отидов да гледам некои филмови и успеав да видам пет од оние што се на програмата преку ден. Некои од филмовите беа доста добри.
Вечета на програмата имаше многу добар видео перформанс (да појаснам: црно-бел филм без текст т.е. со малку текст и музика која двајца браќа близнаци ја правеа во живо). Филмот беше навистина добар, главниот протагонист извонредно актерско мајсторство, а музиката на моменти правеше луѓето да произведуваат индивидуални халуцинации. Едно момче од публиката некаде на половина филм дојде и ми призна дека имал халуцинации од музиката и од филмот.Незнам дали да му верувам, јас немав.
Забава пред Deep повторно. Повторно пијано, лудо незаборавно.
Трет ден. Утринско кафе И КОКА КОЛА повторно на истото место. Пријатели од Хрватска кои спијат во хотелот каде што спијам и јас ме придружуваат. Забавни луге. Се обидуваме да смислиме некоја активност која би можеле да ја спроведеме. Решение – еко акција по рекаа во Призрен од таму кај што почнува доку кампот се до влезот во Призрен.

Јас не отидов, мислам дека е доволно тоа што учествував во креирањето на целата активност. Бев повторно на проекција на филм кој требаше да биде добар , а мене лични не ми остави некој впечаток. Имаше еден карактер кој се обидуваше да се излечи од болест на зависност или од зависност од КОКАИН. Ем му одеше тешко ем и не е лесно да се излечиш. Плус и да успееш добро да го прикажеш тоа на платно – филмско. Можеби не ми се допадна затоа што не успеав да го загледам филмот од почеток, туку некаде од половина почнав да го гледам. Програмата на фестивалот е доста глема и збиена и секогаш е тешко да одлучиш во кој простор да одиш и кој од филмовите на програмата да ги гледаш. Wall as a Screen беше следното нешто што го посетив на програмата. Идејата на овие проекции беше да се проектираат седум филмови на седум разлишни локации во градот и така да се запознае и градот како и да се направи целина од сите филмови. Ми се допадна брзината и умешноста на тимот за саат и триесет минути да го просетаме половина Призрен и на најчудните и најтемни места да ги изгледаме проекциите. Пред Deep again обид за drum & bass забава ама и не толку успешна иако имаше луѓе повеќе од вообичаено. Полека полека забавата повторно стана луда и незаборавна. И пијана секако.

Макијато и кока кола и на четвртото утро пред Deep. Запознав некој режисер од Албанија кој има интернационален документарен филм, се договоривме да добијам копија од неговиот филм да можам да го гледам и да дискутираме по прашањето на неговиот филм.


%d bloggers like this: